Познато е дека Ненад Сингелиќ Гастоз имаше афера со Луна Ѓогани со која беше и интимен, а сега се појави информација дека таа не е единствената задругарка со која имал афера.
Како што се шпекулира, тој имал романса и со Ивана Шопиќ.
„Ивана и Ненад се запознаа во еден локал во Белград каде што таа работеше како менаџер. Тој се најде во локалот сосема случајно, па кога се видоа се разбудија страстите. На Шопиќ не и требаше многу време да влезе во романса со реалити играчот, па секој ден се гледаа во неговиот стан. Ја нарекуваше „мала безобраничка“ и Ивана вели дека сексот им бил фанстастичен. По цел ден и ноќ беа во станот, а таа често од таму одеше на работа“ вели една пријателка.
„На неа и се допадна тоа што е познат по реалните шоуа, а тој полека започна да ја воведува во приказната. И велеше дека треба да си паметен за да знаеш да се издигнеш во таа бара со крокодили, а на неа и се допадна кога сфати дека таму може да заработи повеќе отколку како менаџерка во еден локал. Искрено да ви кажам, мојата другарка секогаш има успеси со момчињата и кога ќе одлучеше некој да освои, ќе го освоеше“ вели другарката на Ивана.
По овој повод се огласи и Гастоз.
„Оставете ме на мира, уживам во Тајланд. На кого му е гајле со кој се сум бил. Веќе не се ни сеќавам“, вели тој.