Пејачката и победничката на реалното шоу „Задруга“, Луна Ѓогани и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ, се дружеа во живо на каналот Јутјуб со своите следбеници и одговараа на нивните прашања.
Меѓу другото, имаше прашања и за кучето на Луна, Ќери, кое, како што е веќе познато, има здравствени проблеми, поради што поранешната задругарка била со денови загрижена и под стрес. Популарниот риалити пар истакна дека ги испробале сите можни начини да ја излечат, и дека наскоро треба да се подложат на новите методи кои ги пронашле.
Во разговор со фановите, Луна и Марко рекоа дека Ќера е болна и има проблем со кожата и косата, но дека се надеваат дека ќе успеат во мисијата да ја опорават.
Фото: Принтскрин/Инстгарам