Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ се решија на неочекуван потег. Наводно, новопечените родители решиле да направат сопствено семејно реално шоу со бебето, снимајќи се за Јутјуб.
Луна и бебето го напуштиле продилиштето во саботата и наскоро, наводно, ќе застанат заедно пред камерите.
„Луна и Марко од каналот Јутјуб, каде обожавателите го следат нивниот приватен живот, заработуваат околу 70.000 евра годишно. Затоа тие се договорија да ја снимат својата ќерка. Тие веруваат дека тоа ќе биде вистински хит и дополнително ќе го зголемат нивниот рејтинг. Фановите ќе можат да видат како Луна се снаоѓа како мајка, но и дали Марко е вешт во менување на пелени“ – вели добро информиран извор.
„Одлучија да снимаат сè! Beќе има емотивни моменти, но и некои смешни, бидејќи тие само што станаа родители и сигурно ќе им треба малку време да се навикнат. Дедо Гаги, баба Анабела, тетка Нина и другите членови на бројното семејство Ѓогани исто така ќе бидат во кадар, но и семејството на Миљковиќ“ – вели изворот и додава дека мотивот на Ѓогани и Миљковиќ не се само парите:
„Покрај тоа што ќе заработат пари, тие на овој начин ќе ги снимат скапоцените моменти со Мија и ќе имаат вредни спомени. Луна потврдува дека Марко и нејзината наследничка ќе бидат пред камерата.
„Веќе ја снимиме Миа на Јутјуб. Ние сме јавни личности и нема зошто да го криеме тоа. Кога -тогаш некој секако ќе ја слика или ќе ја сними нашата ќеркичка, па зошто ние да не го сториме тоа?! Речиси сите големи sвезди снимаат видеа со своите деца и објавуваат фотографии со нив. За Марко и мене тоа е сосема во ред“ – вели Луна и додава дека малата Миа личи на нејзиниот сопруг Марко.
„Миа личи на тато. Таа сè уште нема ништо на мене. Моето семејство ќе ми помогне околу бебето, но јас и Марко ќе се обидеме да бидеме најмногу со нашата Миа“ – вели Луна.
„Ги почитувам оние што мислат поинаку, но ова е наш живот и наша одлука“ – резимира Ѓогани!
Фото: Инстаграм принтскрин/luna_djogani