Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ го изговорија судбоносното “да“, а соседите од нивниот крај велат дека не знаеле дека реалити ѕвездите подготвуваат венчавка.
„Го гледав реалното шоу и се радувам што дојдоа овде да живеат. Адам и Гаги ги посетуваат, семејството на Луна, нив секогаш ги препознавам кога ќе ги сретнам пред зграда. За венчавката дознав од медиумите, никој овде не слушна ништо. Баш добро се сокрија, се испланираа во тајност. Сфатив дека навистина се венчале кога им се заблагодарија на луѓето за честитките“, вели сосетка.
„Живеам покрај нивниот влез и секое утро ги сретнувам кога го шетаат кучето Лоли. Лоли беше болна и паѓаа влакна, па Луна многу се грижеше за неа. Ми велеше дека ја сака како да е член на семејството и дека често ја води кај ветринар за да оздрави. Често го гали стомачето, се гледа дека е среќна поради бременоста и едвај чека бебето да го земе во раце. Видов како еден доставувач во нивниот стан донесува детски работи, претпоставувам дека ја подготвуваат детската соба“, вели сосетката.
Жената во блиска продавница вели дека Луна често пазарува кај неа.
„Луна и за време на бременоста често доаѓа по набавка кај нас. Купува некои ситници и често некаде брза. Никогаш не се задржува и не комуницира претерано. Сигурно се плаши да биде во затворено, пандемија е. Секако секогаш носи маска. Неколку пати дојде и во машки дуксер, сигурно е на Марко“ вели таа, а додека пак друга состетка вели дека овој пар не се дружи многу со соседите.
„Искрено да ви кажам од медиумите дознав дека Марко и Луна живеат во нашиот крај, можам да кажам дека тие не се дружат со никој од соседството. Не гледам многу реални шоуа, но знам кои се. Во населбата имаме неколку кафулиња во кои се собираме, но нив никогаш не ги видов, ниту ги видов во отворената градина во која може да се седи. Сигурно се чуваат“, додава сосетката.