Луна Ѓогани ужива во мајчинството и го поминува времето со своите наследнички Миа и Лана од кои речиси никогаш не се разделува.
Блогерката и поранешна задругарка оваа Нова година ќе ја дочека со проширен тим, бидејќи неодамна стана мајка на уште едно девојче.
Тие веќе го уредија и го украсија својот дом како што доликува, а сега Луна сподели малку од домашната атмосфера. Таа позираше со наследничките прво пред богато украсената новогодишна елка, а потоа тие со насмевки позираа на подот.
Фото: Printskrin/Instagram/luna_djogani