Радио Милева мерак или само маркетинг?

Луна „го мува“ Стефан Живојиновиќ: Брена на Инстаграм негативно изреагира, Анабела симпатиите ги негира!? (ФОТО)

Луна „го мува“ Стефан Живојиновиќ: Брена на Инстаграм негативно изреагира, Анабела симпатиите ги негира!? (ФОТО)

Последниве денови големо внимание привлече приказната за симпатиите помеѓу Стефан Живојиновиќ и Луна Ѓогани. По присуството на Луна на настапот на Живојиновиќ во еден познат белградски клуб, таа објави неколку фотографии на Инстаграм на кои пее и и’ порачува на Брена дека родила ангел.

Набргу потоа, обожавателите на Брена и советуваа  да го држи својот син подалеку од Луна. Брена тој пост го лајкувала и постивали емотикон со кренат палец на одобрување, алудирајќи на тоа дека нејзините фанови се во право.

 

 

Иако српските медиуми веднаш ја побараа, не добиле коментар од Брена, но затоа се јавил и одговорил Стефан.

“Не ја знам Луна, ниту пак следам некој од реалните шоуа за да знам нешто за неа. Слушнав дека таа била на мојот настап и се надевам дека си поминала одлично. Што се однесува до коментарите на социјалните мрежи, покажав дека нема потреба да се грижат за мојот љубовен живот… Никогаш не сум разочарал (се смее). Фокусиран сум на работата и песните што ќе ги објавам во наредниот период“ – изјавил Стефан порачувајќи и на Брена:

„Исто како и останатите, да не се грижи“.

Луна исто така не одговорила на новинарските повици, но затоа пак мајка и Анабела го дала својот коментар.

„Јас немам коментар за реакцијата на Брена. Што да кажам за тоа? Мојата ќерка само го пофали момчето, не го ‘муваше’, ниту е тој пак нејзин тип. Таа никогаш не го спомена него во тој контекст“- рекла Анабела.

To top