Радио Милева

Луна Ѓогани за „Бекстејџ“: „Среќна сум што Слоба ми ја честиташе победата“ (видео)

Луна Ѓогани за „Бекстејџ“: „Среќна сум што Слоба ми ја честиташе победата“ (видео)

Луна Ѓогани, дефинитивно е најозборуваното и најкоментирано име во регионот изминатиов период. После неполни 2 години поминати во затворен простор, односно две учества во реалити телевизискиот формат Задруга каде лани заврши како второпласирана, а годинава како прва, Луна конечно реши да стави крај на својата реалити кариера и да се испроба како пејачка.

Токму нејзината голема победа во Задруга, но и официјалниот старт на музичката кариера беа повод за Бекстејџ да ги спакува куферите и да се упати во Белград за да поразговара со неа. Наша прва тема за разговор беше музичката кариера и песната која што ја сними во студиото кај Дарко Димитров каде се упати веднаш по завршувањето на шоуто.

Иако жали за сите нервни сломови, истите барем според коментарите на многумина и ја донесоа и победата во оваа сезона од шоуто! Дали емотивното соголување се исплатеше или не, знае само таа! Како и да е, ние и посакуваме многу успех во музичката кариера и чекаме покана за промоција!

Таа истакна и дека се радува што сЛоба јавно и ја честиташе победата, а што друго кажа…

извор:бекстејџ

To top