Луна Ѓогани го очекува своето прво дете со Марко Миљковиќ. Во месец јуни таа ќе стане мајка на девојче, за кое, како што неодамна откри, ќе и го даде името Миа.
Луна се прошета со своето куче, па направи селфи во лифтот, а нејзиниот труднички стомак е во прв план.
Ѓогани не одеше на прошетка сама, туку со нејзината мајка Анабела Атијас, пишува Пинк.рс.
Иако е познато дека Луна и Анабела беа во лоши односи минатата година кога се најдоа заедно во реалното шоу „Задруга“ и дека излегоа на виделина многу проблеми, кои не беа решени ниту кога ја напуштија „Белата куќа“. Од денот кога Луна дозна дека е бремена, сè се смени.
Анабела сега е голема поддршка на својата ќерка и секогаш е тука со неа, што и да и треба, а неколку пати изјави дека е многу среќна што ќе стане баба.
Луна пак уште од почетокот на бременоста, па се досега во шестиот месец постојано споделува моменти од блажената состојба, а овој пат напиша дека „журката“ во нејзиниот стомак започнува баш пред да легне да спие.