На социјалните мрежи кружи една објава односно апел на една жена која тврди дека е администратор на една од фан групите на Луна Ѓогани.
Имено, таа апелира фановите на Ѓогани да уплаќаат пари на сметка која ја отвориле, за да и помогнат финасиски на реалити учесничката.
Во објавата девојката тврди дека во договор со уште неколку администратори на фан групите за Луна отвориле жиро сметка на која може да се уплаќаат средства за Ѓогани.
Како што велат, тие го направиле тоа откако Луна изјавила дека нејзиното семејство е во тешка финасиска криза.
Оваа објава на својот „Инстаграм“ ја објави Марко Ѓедовиќ кој го осуди овој потег и напиша: „Помогнете им на луѓето“.

Исто така се наведува дека парите може да се уплаќаат во денарска вредност, а наскоро треба да отворат и дивизна сметка.
Потсетуваме, неодамна се појави снимка на која се гледа како Луна зема пари од свој фан.