Од влегувањето на Анабела Атијас во реалното шоу „Задруга 3“, Луна Ѓогани поминува низ агонија која не може да ја издржи.
Имено, Анабела пред целиот аудиториум ги откри сите тајни на семејството Ѓогани.
Добро известен извор за свет.рс вели дека Луна за да се смири испила повеќе лекови, а тоа можело да ја чини животот.
„Луна не можеше повеќе да го издржи притисокот. Разговараше со продукцијата да го напушти реалното шоу, но тие ја убедија да и остане и да се бори до крај. Таа нека каде да бега. Тоа што и се случува е нејзиниот живот надвор, а не реалти. Нејзините родители, како и нејзиното момче секојдневно изнесуваат гнасни детали како од нејзиниот така и нивните животи, а таа само слуша и не може да спречи. Ги гледа луѓето кои ги сака како се поливаат со вода, се удараат со чаши. Не сака да го остави Макрко бидејќи многу го сака, но не сака да биде и против мајка и. Многу е тешко да се држи баланс меѓу двајца кои се мразат. На се тоа секојдневно се караат нејзините родители. И сама кажа дека не е среќна поради односот на нејзините родители“ вели добро известен извор.
„Нејзините психички проблеми датираат од детството. Имаше сериозни трауми. Таа влезе во „Задруга“ за да ја спаси својата врска, а доживеа животот да и се распаѓа пред милионските гледачи. Се чувствува како да нема да згреши. Не е доволна силна да го издржи тој терет. По првата „Задруга“, се и сешто и паѓаше на памет, но за среќа оздрави. По жестоката кавга со Анабела и Марко таа испи многу лекови поради кои и беше многу лошо, можеше кобно да заврши. Секако, за тоа на никој не раскажа бидејќи се плаши од Анабела, Марко и Гаги. Постојано мора да одбере некоја страна, таа ги моли да престанат, а како никој да не ја слуша. Тоа многу лошо влијае на слаби личности како неа“ вели изворот.