Луна Ѓогани се мажи за Марко Миљковиќ. Победничката на “Задруга 2” и ДЈ-от од Брус одлучија да направат голема свадба во септември и на тој начин да ја крунисаат нивната љубов.
Миљковиќ неодамна ја однел Луна на вечера, а потоа ја запросил, а таа реклае – Да. Веднаш почнале да ја планираат свадбата, на која ќе бидат поканети околу 200 гости.
„Откако ја напуштија Задруга 2, немаат повеќе кавги и расправии, па сфатија дека се луди од љубов еден по друг и почнаа да живеат заедно. Марко се пресели во станот на Луна во Нов Белград. Бидејќи има 36 години, не сака да губи време. Кога ја прашал Луна на вечерата дали ќе му стане жена, таа прво била изненадена, но потоа рекла: “Да”. Иако на сите им велеше дека е млада за брак, срцето ја наведе да се согласи на брак. Тие веќе почнале да ја планираат свадбата“, вели добро информиран извор.
Вљубениот пар ќе прави две прослави – и во Белград и во Брус.