Луна Ѓогани ужива во својата прва бременост и наскоро со својот свршеник Марко Миљковиќ ќе добијат ќерка за која го одбраа името Миа.
Луна е активна на социјалните мрежи, а овојпат се снимаше со еден од најпопуларните филтери на Инстаграм и ги насмеа следбениците.
Имено, благодарение на филтерите на оваа апликација ги зголеми усните и јаболчниците, а лицето изгледа како да се предозирала со ботокс.
Сепак, поради она што го рече, многумина коментираат дека именувала одредени јавни личности кои и покрај видливите корекции тврдат дека се природни.
-Многу сум убава, не работев на себе, како што гледате и многу сум убава.Јас сум најубава, сакам што сите ми завидувате – рече Луна.
Исто така Ѓогани на својот „Инстаграм“ објави и неколку фотографии на кои позира со гол стомак во седмиот месец од бременоста.
View this post on Instagram
Објавата за краток период собра над 41 000 лајкови, а нејзиниот свршеник Марко беше од оние кој прв остави коментар.