Луна Ѓогани се огласи на социјалните мрежи по интервенцијата која ја имаше, а на своите следбеници им откри како се лечи по процедурата.
Ѓогани го извади умникот, а на своите фанови на Инстаграм им откри дека сладоледот е најдобриот лек после таа интервенција.
– Најдобар лек по вадење на умникот – напишала Луна во описот на видеото како јаде сладолед.
Луни и нејзината мајка Анабела Атијас периодов се многу тажни откако почина нивниот миленик Шврќа, поради што минуваат низ тешки времиња.
– Ти благодарам што секогаш не чуваше сите… Поздрави ја Бубија – напиша Луна целосно уништена од болката.
И Анабела Атијас тешко поминува откако го загуби својот миленик.
– Куче го изневерува својот сопственик само еднаш, кога ќе умре. Те сакаме, наш Шврчо, ти благодариме за љубовта. Се гледаме пријателе – напиша Анабела.
Фото:Принтскрин/ТвПинк/Инстаграм/Луна Ѓогани/Анабелчи