Неодамна во втората сезона на реалното шоу „Задруга 2“, влезе и скопјанката Елонора Миљковиќ.
Во вестите на вистина.мк имавте прилика да ја проследите веста за влегувањето на Македонката.
При влегувањето во реалното шоу таа истакна дека нема да има момче во „Задруга 2“.
Меѓутоа, пред неколку дена на прашањето на Луна Ѓогани со кое момче од „Задруга 2“ би била во врска, Елеонора одговори дека тоа е Алекса Савиќ. Потоа, објасни зошто го одбрала токму Савиќ.
„Го одбрав Савиќ бидејќи навистина е убав. Многу добро се однесува. Културан е, мирен и еден од најголемите предности е што е верен на својата девојка, дека ја сака и тоа е една од причините поради кои сакам да имам такво момче“, одговори Елеонора.
За потсетување, Елеонора има завршено на Правен факултет, но работи и како фотомодел, снима реклами, спотови.
Инаку, на Алфа телевизија имате прилика да го следете реалното шоу „Задруга 2“. Дали Елеонора ќе најде момче или ќе има одредена авантура во шоуто или ништо од тоа, допрва ќе видиме.