Луна Ѓогани сè уште не ги смирила односите со нејзината мајка Анабела Атијас, но затоа пак во последниов период сè и оди добро во љубовта. Луна беше со Марко Миљковиќ кај неговата мајка Недељка која по се’ што се случуваше во „Задруга 3“, сепак не ја обвинува за ништо снашката.
Луна исто така беше запрашана дали наскоро ќе се омажи за својот партнер.
„Ако даде Бог, ќе има нови, добри вести. Љубов е тоа – сè е супер и по нешто ново се случува секој ден“ – рече Луна со насмевка во „Премиера“, па следуваше друго прашање:
“Дали ќе станеш мајка или ќе стапите со Марко во брак?”
-„Не сакам да кажам ништо. Нешто од тоа – има“ – рече Луна, која додаде дека не контактира со мајка и, што ја прави многу тажна:
“Најмногу ја сакам на светот. Сепак, мајка ми и јас не сме во контакт. Таа одлучи да не контактираме. Но, врската меѓу мајка и ќерка е нераскинлива. Се случи да не сме во контакт, но сигурно ќе стапиме во иднина. Јас ќе се потрудам да се обидаме, да продолжиме понатаму и да заборавиме на сè“.
Останува да се види на што точно мислеше Луна Ѓогани кога рече дека нешто има. На свадба или бебе?