Радио Милева сонува од дете да биде невеста

Луна четири години сонува олтар: Еве како ријалити ѕвездата ја замислува својата венчавка (ФОТО)

Луна четири години сонува олтар: Еве како ријалити ѕвездата ја замислува својата венчавка (ФОТО)

Веридбата на Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ одекна не само во Србија, туку и во целиот регион  како „важна вест“. речиси никој од нивното блиско опкружување не го очекуваше тоа, бидејќи тие имаа бурна врска од самиот почеток. Сепак, романтичното запоросување во присуството на најблиските, освен Анабела, се случи во еден ресторан и од тогаш идните младенци не престануваат да коваат планови за нивната заедничка иднина.

Луна откри дека многу зборуваат за венчавката, но и дека таа точно знае каква венчаница ќе носи:

„Како дете си замислував каква венчаница сакам, па таква и ќе ја шијам и ќе биде совршена за мене. Ќе биде долга, всушност, ќе имам две: една за забавата и онаа за пред олтар. Тоа е во мојата глава со години, а интезивно  размислував за тоа последниве четири години.

Анабела ја роди на 24 години, па Луна планира да биде и помлада мајка.

– Секако, деца се во план, но не зависи од нас, туку од Бога, ама како да е, и тоа ќе даде сигурно“ – вели Ѓогани.

– Драго ми е што ја верив пред да остане бремена, односно што не ја верив затоа што останала бремена – истакна Миjковиќ, со што се согласува и пејачката.

– Исто така, многу ми е драго што се си оди по ред, не брзаме никаде, животот е пред нас.

Тие тврдат дека сега кога не се пред камерите, не се караат како во реалното шоу.

– Можеби и се расправаме по малку за некои вообичаени домашните работи, но тие кавги од „Задруга“ и овие надвор немаат никаква врска едни со други. Се караме и се смируваме по 15 минути и како никогаш да не сме се скарале, тоа е повеќе дискусија за тоа кој што оставил во куќата и што треба да се направи.

Нивната веридбата го вжешти интернетот и социјалните мрежи, а имаше и такви што не веруваа дека веридбата ќе потрае повеќе од 48 часа.

– Не размислуваме за хејтерите, сите тие се наши фанови и следбеници. Штом се интересираат за нашите животи и не следат вио чекор, сите тие се наши обожаватели – рекоа едногласно.

To top