Животот на ќерката на Жељко Митровиќ привлече големо внимание во јавноста откако пред три години стапи во врска со еден од најмладите милијардери во светот, Казахстанецот Илија.
Иако ретко се појавува во јавноста, Кристина Митровиќ на Инстаграм редовно објавува фотографии од патувањата, од луксузните хотели и шопингот, а судејќи по она што може да се види на неа, таа ги избира само најскапите модни брендови.
Посебно внимание привлече најновата фотографија од ќерката на Жељко Митровиќ, направена во Лондон, која носи чанта „Ермес“ вредна околу 13.000 евра и крзнено палто од врвен квалитет од чинчила кое чини уште барем толку.
Да потсетиме, неодамна ќерката на Жељко Митровиќ на Инстаграм покажа каде слави годишнина од врската со свршеникот.
Наследничката на Митровиќ го снимила секој детал од неверојатно луксузниот стан во кој престојувале во Лондон, кој припаѓа на еден од најскапите хотели во светот. Рајот околу нив потсетува на внатрешноста на масивните дворци во сопственост на најбогатите луѓе во светот, особено на делот со библиотеката, кој е сон на многу луѓе.
Ноќевање во хотелот во кој се наоѓа апартманот, во соба со голем кревет чини 2.000 евра, додека цената на апартманот е неколкукратно повисока.
фото:Инстаграм принтскрин