Стефан Ѓуриќ Раста одамна поседува огромен стан во Врачар, а дури сега покажа како изгледа неговиот пентхаус внатре. Раста таму помина осум месеци во овој простор додека ја отслужуваше казната домашен притвор што ја доби, па затоа детално го уредил својот стан за да биде многу удобен. Овој пентхаус е и оаза на мирот на Раста, а вниманието на сите го привлекува сетот што раперот го има на неговата тераса.
Големата дневна соба е украсена со елегантен мебел во крем боја и скап кристален лустер. Еден дел од дневната соба е исполнет со играчки и е наменет за неговата ќерка која често престојува со него.
Раперот создал и катче каде што поставувал инструменти и технички уреди, кои ги користи за снимање песни.
Бањата е опремена со хидромасажна туш кабина која има можност да ја менува бојата на светлото.
Исто така, од огромната тераса има направено свое катче во кое ужива веднаш штом ќе се разубави времето.
Раперот во станот најмногу обожава да одмара, а не е ни чудно со оглед на тоа дека има поглед на градот.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Раста/Немања Јовановиќ