Српската пејачка Вики Миљковиќ купи три стана во елитната населба „Белград на вода“, а во едниот веќе се всели. Како што пишуваат српските медиуми, се проценува дека вредноста на становите изнесува 1 500 000 евра.
Екипата на „Папарацо лов“ ја снимала Вики и ги следела нејзините активности. Имено, тие забележале како работници со кран го внесуваат џакузито во нејзиниот нов дом.
Со оглед на тоа дека Миљковиќ се наоѓа на последен кат, немало друг начин како да се внесе џакузито.
За потсетување, пејачката во една прилика истакна дека е многу среќна што ќе се всели во новиот дом и што ќе може да ужива заедно со семејството.