Напаѓачот на Реал-Мадрид, Лука Јовиќ (21) и се додворувал на Дара Бубамара (43)! Фудбалерот сакаше да ја „смува“ 22-години од него повозрасната пејачка, откако наводно слушнал дека била „жив оган“ во креветот!
Лука бил толку опседнат со Дара што неодамна дошол од Шпанија во Србија само на два дена, за да отиде на нејзиниот настап во еден белградски клуб. Според добро информиран извор, Јовиќ и „фрлил око“ на Бубамар уште во март!
„За Лука, Дара отсекогаш била една од неговите омилени пејачки. Тој постојано велеше дека ги обожава нејзините песни, но и дека е топ риба. Кога раскинаа со Ангела Маниташевиќ, која му го роди синот Давид во јануари, во март почна да и се додворува на Дара. Започна да се распрашува кај пријателите кои ја познаваат приватно, дали приказните дека е добра во кревет се точни? Беше директен во пораките, веднаш и се претстави и ја замоли да се видат во еден познат хотел на вечера. Но, Дара мислеше дека некој се зафркава со неа и лажно се претставува како Лука Јовиќ! Таа првин не му одговараше, а потоа и го блокираше тој број, зашто секој ден и доаѓаат пораки од разни додворувачи.
Но, Лука не застанал тука, не се откажал и дошол на нејзиниот настап по две недели.
„Тој цело време гледаше во пејачката и меѓу последните го напушти клубот, чекајќи можност да дојде во контакт со Дара. Сепак, таа набрзина излета надвор од клубот веднаш по последната песна и замина за Нови Сад“ – вели изворот – очевидец.
Додека Дара се премислувала, Лука се запознал со манекенката Софија Милошевиќ. „По неколку пораки, двајцата започнаа страсна врска. Таа веднаш отиде во Шпанија кај него“ – заклучува изворот.
Дара – Бубамара не сака многу да зборуваза Лука.
“Ме импресионира тоа што наш човек, кој е познат низ целиот свет, специјално дошол токму на мојот настап. Мило ми е што сум една од неговите омилени пејачки. Но, приватно – го познавам тој човек!“ – кусо прокоментирала пејачката.