Кралот народна музика, Шабан Шаулиќ, почина во сообраќајна несреќа во Германија. Заедно со него во возилото што настрада на патот кон аеродромот биле неговиот кум Слободан Бобан Стојадиновиќ и музичарот Мирсад Кериќ. Според неофицијални информации, по нивниот настап во Германија, тие отишле во хотелот, а од хотелот тргнале кон Дизелдорф околу четири часот наутро, каде што требало да се качат на летот за Белград.
За време на судирот, на Шабан му пукнала срцевата аорта по што со возилото на брзата помош бил итно пренесен во болница во тешка состојба. Таму веднаш го прифатил тим од лекари кои се бореле за неговиот живот.
Кога Шабан пристигнал во болницата, една од медицинските сестри, која потекнувала од просторите на поранешна Југославија, веднаш го препознала и гласно почналка да вика:
„Луѓе, овој човек е најголемата ѕвезда во Србија! – викајќи им објаснувала на лекарите за кого се работи, но експертскиот тим, иако дал се од себе, за жал не успеал да го спаси животот на фолк легендата.
Фото: Westfalen-Blatt.de/Драган Кадиќ
FOTO: WESTFALEN-BLATT.DE, DRAGAN KADIĆ