Атрактивната српска пејачка Сандра Африка вели дека кога ќе се заљуби, целата е расположена и се фокусира исклучиво на момчето, поради што Микиша, која сега и е менаџер, а инаку и е поранешен вереник, и забранила да има момче.
Пејачката Сандра Африка се пожалила дека бившиот ја спречува да најде ново момче. Атрактивната Сандра по предновогодишниот настап на плоштадот во Белград реши да сними нов албум, а за што повеќе да му се посвети, го запостави љубовниот живот, иако не по своја волја.
View this post on Instagram
Имено, Александар Московљевиќ Микиша со кој беше во врска 11 години и кој сега е нејзин менаџер, и забранил на Сандра да си најде нов партнер!
Во моментов немам време за љубов! Микиша ми забрани да си најдам дечко за да можам се да правам точно како што треба! Кога ќе се заљубам, летам и се фокусирам само на личноста во која сум заљубена и можам да ги игнорирам работните обврски. Вложувам многу труд, време и пари во нов проект, за да не се плеткам со него. Во мојот случај сега не ми треба момче, раскажува за Информер занесната пејачка.
Сандра со Микиша беше 11 години, а по него се бакна и со фудбалерот Владимир Волков со кој неколку пати раскинуваше и повторно се смируваше. Планирала брак и семејство со Волков, но по неговата наводна измама решила засекогаш да го остави. Поради ова, извесен период се повлече од очите на јавноста, додека не се избори со депресијата.
View this post on Instagram
Африка денеска не сака да зборува за Волков, а на прашањето дали ја притиска семејството затоа што се уште не се омажила и не станала мајка, таа искрено одговара:
Јас сум најстарата во семејството, но привилегирана сум бидејќи сестра ми има две ќерки. Мајка ми е мирна од таа страна, бидејќи веќе има две внуки со кои ужива. Што се однесува до мене, најдобро е вакви сериозни работи да чека вистинско време. Јас сум кариерист, а албумот што го подготвувам го заслужува целото мое внимание и посветеност. Прославувам 18 години кариера и за тоа заслужувам почит. Не брзам кога е љубовта во прашање, ќе размислам дури кога мојот нов албум ќе го здогледа светлото на денот , ја завршува приказната Сандра.
Фото: Printscreen / Instagram / sandraafrika