По организацијата на „Денови на турската кујна“ и „Аргентинска вечер“, Limak Skopje Luxury Hotel овој пат ги претстави традиционалните вкусови на српската кујна.
За автентичноста на специјалитетите задолжени беа главниот готвач на хотелот и неговиот тим, кои на гостите им приредија автентично гастрономска задоволство. Специјалитетите беа сервирани со познатата српска ракија, како и српски вина. Гостите имаа можност да уживаат во гибаница со сирење, кајмак, чварки, залучени пиперки, сарма од кисела зелка и Караѓорѓева шницла, додека главното јадење беше резервирано за печено прасечко и уштипци. Десертот беше вистинско уживање со Васина торта во комбинација со српски ликер од орев.
Автентичната атмосфера за време на оваа „Српска вечер“ беше комплетирана со музика во живо и забавен дел во изведба на КУД Кочо Рацин, а вистинско изненадување беше комичарот Далибор Голубовиќ, познат како Двојникот на Вучиќ.