Часови се бројат до дочекот на најлудата ноќ, во која ќе ја испратиме старата, а ќе ја дочекаме новата 2024 година. Понудите за прослава на оваа ноќ се многубројни, а една од најатрактивните е онаа каде настапува една од нашите најголеми музички ѕвезди – Влатко Лозаноски – Лозано. Популарниот пејач заедно со неговиот бенд ќе ги забавуваат гостите во ексклузивниот хотел „Bocca Di Lupo“ во Скопје, каде ќе одржи тричасовен концерт. Покрај Лозано, гостите ќе ги забавуваат и девојките од женскиот бенд „К4“, кои ќе бидат задолжени да ги пеат најголемите домашни и регионални хитови…