Радио Милева

Лошите навики на славните: Има такви што не ја мијат косата, „пуштаат ветар кај стигнат“ и не менуваат облека – еве за кои станува збор

Лошите навики на славните: Има такви што не ја мијат косата, „пуштаат ветар кај стигнат“ и не менуваат облека – еве за кои станува збор

Кога ќе се исклучат светлата од рефлекторите, славните се нормални луѓе како и сите нас, а некои од нив имаат навистина одвратни навики поради кои сигурно не би сакале да ни бидат другари и другарки, а не пак нешто повеќе.

На пример, Роберт Патинсон, некогаш најзгодниот „вампир“ на светот, не сакал да ја пере својата коса. За време на снимањето на Twilight, колегите се пожалиле дека не се грижи премногу за хигиената, односно дека не ја испрал косата неверојатни шест седмици.

„Тоа е вистина, но не знам точно. Не ја гледам поентата во перењето на косата. Ако не ти е гајле дали косата ти е чиста или не, зошто би ја перел? Исто така, не го чистам мојот стан, едноставно нема поента во тоа. Не ми е гајле. Станот ми служи за во него да преспијам, а косата ми е тука, на главата. Не ми е гајле дали е чиста или не“, изјави Патинсон.

Слични гласини кружат и за големиот заводник Орландо Блум, кој не само што не се туширал често, туку не ја перел облеката и со истата се појавувал на снимање неколку дена по ред. Тоа ја излудувало неговата поранешна сопруга Миранда Кер, но очигледно на актуелната девојка Кејти Пери тоа не ѝ пречи. Пери призна дека Блум често знаел „да испушти ветрови“ и дека тоа не ѝ пречело исто така.

Меган Фокс, една од најсекси жените на светот има исто така одвратна навика. Таа сама призна дека заборава да пушта вода во тоалет и не се мисли само на „број 1“ нуждата. Секој може да биде „подзаборавен“, но ова е навистина непријатно.

Проблем со туширањето имал и Зак Ефрон. Тој не се туширал дури ниту после одењето во теретана, а најчесто ги користел влажните марамчиња. После тренинг не сакала да се тушира ниту Џенифер Анистон која што сметала дека изгледа попривлечно со испотена коса.

Нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит, исто така призна дека има „посебен однос“ со влажните марамчиња.

„Слушајте, имам шест деца. Се што треба да направите е да провлечете влажни марамчиња под пазувите. Навистина немам време за туширање“, призна Бред Пит.

Џони Деп важи за еден од најзгодните фраери во Холивуд, но во последните години почнал да „пропаѓа“. Тоа го потврди Анџелина Џоли која што со него глумеше во филмот “Tourist” – за време на снимањето неговиот здив мирисал на цигари, па цело време го молела да користи пеперминт.

Адел од друга страна обожувала да го чепка носот, додека пак Линдзи Лохан опсесивно ги грицкала своите нокти.

Пејачката Кеша навистина отиде до самата крајност – во прилог за “MTV” кој го снимаше како промоција за спотот на “Die Young”, таа ја пиеше сопствената урина затоа што слушнала дека е здраво и добро за одржување на формата.

Останати вести од Радио Милева