Радио Милева
било пишано...

Лоша среќа или судбина: Шабан загина на својот „втор роденден“!

Лоша среќа или судбина: Шабан загина на својот „втор роденден“!

Шабан почина истиот ден на кој беше прободен со нож пред 25 години на улица во Виена. Повеќе од две децении, неговата сопруга Гоца секоја година на овој ден пали свеќа во црквата и се сече торта… Зашто тој ден, семејството го прославувало како втор роденден на Шабан. И тоа се повторувало од година во година, без разлика каде и да биле на тој ден. Секогаш кога тие биле некаде на пат, Гоца барала да најде црквата каде што ќе запали свеќа… Затоа и  е страшно, а помалку и језиво што Шабан животот го загубитокму на тој ден. Судбина или лоша среќа, јас не знам – вели еден извор близок до семејството.

Повремено Шабан се сеќавал на денот кога во 1993 година за малку избегнал смрт.

„Еден немил настан ми се случи во Виена, кога требаше да пејам во еден ресторан, газдата на конкурентскиот  ресторан им платил на некои дрогирано тинејџери да ме чекаат во подземниот премин (хаустор) на улицата и да ме избодат со нож за да не пејам. Хаустор како и секој хаустор, без светлина … Влегов од ходникот кој беѓе слабо осветлен и речиси  замрачен во кој ништо не сеј гледаше. Еден ме повлече за рака и почнаа да ме бодат со нож во грбот. Се обидов да се оттргнам од нив, зашто бев силен бидејќи бев цел живот спортист“, раскажувал во неколку наврати  Шабан.

Дваесет и пет години подоцна, на истиот ден, тој не можеше да се спаси. Во тешка сообраќајна несреќа, тој трагично го загуби животот и песната од устата на кралот на народната музика стивна засекогаш.

За целата несреќа уште повеќе да биде завиткана во велот на мистеријата, говори и податокот што неговата сопруга Гордана Шаулиќ, му купила повратна авионска карта за Шабан за попладневниот лет, но тој самиот  ја заменил за утринскиот. Не можел да почека и брзал да се врати дома. Наместо во својата куќа, отиде во смрт. Очигледно, на тој ден било пишано да замине… во вечноста!

Останати вести од Радио Милева