Радио Милева

Лоба си има женска мака: Побара помош на Инстаграм, а ја доби од многумина, но и од Тамара Тодевска

Лоба си има женска мака: Побара помош на Инстаграм, а ја доби од многумина, но и од Тамара Тодевска

Велат дека жените прават некоја промена на себе кога им се случува нешто ново и поинакво во животот.

Пејачката Викторија Лоба се наоѓа токму пред еден таков период, а бидејќи е во голема дилема, реши да побара помош од своите пријатели на социјалната мрежа Инстаграм.

Имено, таа ги праша своите следбеници, обожаватели и пријатели дали повторно да ја скрати косата, да ја остави таква каква што е или пак да ја пушти да расте како некогаш.


Одговори и мислења доби многу, а повеќето беа такви да не ја сече и да ја остави да расте. Таков коментар и помош во одлуката и даде и колешката Тамара која и кажа:

-Не ја крати, напиша таа како сугестија.

Инаку, Лоба долги години беше препознатлива по долгата руса коса, која пред извесен период ја скрати.

Дали и каква промена ќе направи овој пат или ќе остави ветарот да ги носи нејзините долги руси коси, останува да видиме.

To top