Годината ги брои последните денови… Новогодишната еуфорија полека почнува да ги зафаќа луѓето, а меѓу нив секако и познатите лица.
Лани, Викторија Лоба задоцни со китењето на елката… Седеше и црпеше инспирација од Интернет, како да ја декорира. Во свилени розови пижами, тогаш подарок од спонзорот кој го рекламираше – познат македонски бренд за ноќници, пижами, долна облека, костими за капење, хулахопки…
Тогаш, Новата 2017 година дојде, а русокосата Македонка со руска душа, им ја честиташе на своите блиски, пријатели, соработници, фанови, на сите инстаграмџии… во истите тие пижами со розови пруги!
Годината дојде и помина, спонзорот си замина, а Лоба и покрај прекинатата соработка остана со само со една мисла и една желба… во нејзините розови пижами: „Никого не осудувајте. Сите сакајте ги, на сите простувајте им!“ Христијански, нема што.