Иако по некое непишано првило, жените зад воланот не важат за добри возачи, а тоа е теза најчесто поставена од посилниот пол. Но, кога згодна женска уште вози и бесна машина, тогаш им изгледа секси и привлечно.
За сексапилот на пејачката Викторија Лоба и не треба многу да коментираме, а уште и кога го вози своето луксузно „мече“, тогаш ретко кој не би свртел поглед по неа.
Згора на тоа и русокоса ама од оние кои се вешти низ сообраќаот.
Познато е дека жените во автомобилот знаат да се шминкаат и средуваат, а автомобилот да го направат буквално како подвижен гардеробер.
Викторија не функционира без автомобил, па кога е во него се чувствува како дома.
Тоа го покажуваат и виклерите на нејзината глава кои ги имаше додека направи едно „селфи“ од предното седиште.
Иако во описот алудираше на драматичната шминка на нејзиното лице, вниманието го одвлекоа виклерите, а верувме и на оние кои ја згогледаа додека возеше или чекаше на семафори.
Како и да е, со виклери или без, мора да се признае дека Лоба е „бесна мачка“ зад воланот!