Радио Милева не се додржа...

Љупка Митрова со кренати нозе: Модната инфлуенсерка – падна! (ФОТО+ВИДЕО)

Љупка Митрова со кренати нозе: Модната инфлуенсерка – падна! (ФОТО+ВИДЕО)

Љупка Митрова важи за едни од најекспонираните и најбарани  модни инфлуенсерки кај нас. Таа е магнет за многу фирми и нивните брендови кога е рекламирањето на социјалните мрежи во прашање. Затоа секојдневно ги преплавува своите профили со нови фотографии и видеа.

Ова е видеото со зимската приказна на осамената убавица – Љупка! Атрактивната струмичанка, дотерана како и секогаш на високи потпеци и тиркизна бунда се шета низ градскиот парк во Скопје. Чекор по чекор, заносен поглед и кадри од природната убавина… и на Љупка и на есенско-зимската идила на природата во паркот.

Режисерот Дарко Митев, познат по последното видео на Викторија Лоба и Марга Сол  -“Над Небото” (и англиска верзија “Feel It“), својски се потрудил да го долови моментот… и успеал! Особено впечатлив е крајот!

Љупка Митрова со кренати нозе… Во последниот кадар од видеото модната блогерка со кренати нозе, извадени низ прозорецот од џипот, во официјалниот дел од снимањето.

А во оној неофицијалниот… Љупка Митрова одново со „кренати нозе“…  Модната инфлуенсерка падна! Не, не падна во ничија прегратка, туку буквално се сопна од работ на патеката по која чекореше со високите потпетици и падна!

А режисерот Митев имаше доблест тој комичен детал да го вметне на крајот од објавеното видео како смешен детал од снимањето, кој за среќа не заврши со лонгета на ногата на сексапилната струмичанка.

To top