Радио Милева

Љупка Митрова се огласи по повод хакирањето на „Инстаграм“ профилот

Љупка Митрова се огласи по повод хакирањето на „Инстаграм“ профилот

Во денешните вести на вистина имавте прилика да прочитате дека профилот на македонската инфлуенсерка Љупка Митрова е хакнат.

Наводно, некој сајбер манијак го хакнал профилот на македонската инфлуенсерка и објавил фотографија на која не е Митрова.

По тој повод во текот на вчерашниот и денешниот ден, „Инстаграм“ профилот на Љупка не беше активен.

Меѓутоа, таа успеа да го врати, а по тој по повод се огласи преку кратките приказни на „Инстаграм“.

„Мојот профил повторно е под моја контрола. Ви благодарам на сите што помогнавте да го вратам назад. Против сторителот на ова дело – одземање на мојот профил, злоупотреба на истиот и намерно поставување на содржината (слика на која не сум јас) со цел да го наруши моето достоинство и углед се преземени соодветни мерки…Истото ќе му се случи на секој еден што ќе се дрзне да ме нападне на било каков начин. Ве сакам“ напиша Љупка.

фото: Принтскрин/инстаграм
To top