Откако струмичката модна блогерка Љупка Митрова и некогашниот победник во шоуто „Големиот брат“, Дарко Петковски – Спејко се во врска, нивната актуелност во медиумите дополнително доби на замав.
Љупка доби нови понуди за соработки, нови следбеници на Инстаграм, а ништо покус не остана ниту тој.
Денес Љупка има сто илјади следбеници, додека Дарко е поназад со 39 илјади, односно предност има неговата понежна половина.
Во последно време на Љупка омилена и стана играта на Инстаграм каде следбениците и поставуваат прашања, а таа ги одговара.
Веќе некој период кружат прашањата дали таа и Дарко ќе влезат во некое реално шоу во регионот, па дури се појавија и информации дека веќе добиле и понуда.
По многуте нагодувања, Љупка ја реши дилемата за љубопитните и категорично одговори дека нема да учествува во ниедно реално шоу, барем за себе.