Радио Милева

Љупка Митрова им го „помати умот“ на матурантките – со неколку фотографии предизвика хаос (фото)

Љупка Митрова им го „помати умот“ на матурантките – со неколку фотографии предизвика хаос (фото)

Кога во 2017 година во отвори својот Инстаграм профил, струмичанката Љупка Митрова преку провокативните фотографии, од ден на ден добиваше нови следбеници, кои денес достигнаа број од 101 илјада на социјалната мрежа.

фото:инсатграм/љупкамитрова

Кога стави точка на својот прв брак и стана „сингл“ дама, Љупка остана истата,  тогаш активна само како модна блогерка која сака да објавува убави  фотографии на својот профил, следбениците се множеа, а по некое време откако момче и стана кумановецот и негогашен победник во „Големиот брат“, Дарко Спејко, двојката дополнително доби на актуелност.

фото:инсатграм/љупкамитрова

Денес Љупка важи за една од најактуелните македонски модни инфлуенсерки, а пред неколку месеци најави и дека ќе отвори бутик каде ќе се продаваат нејзини креации.

фото:инсатграм/љупкамитрова

Идејата за бутикот за жени и девојки веројатно се уште е само план за реализација, но Митрова секогаш е тука за своите обожавателки и следбенички за кои овој пат има изненадување. Имено, во период на матурите, Љупка се реши на три матурантки да им подари три од своите фустани.

Бидејќи нејзиниот моден идентитет може да се опише како провокативен, веројатно и овие модели треба да бидат за матурантки кои се гледаат во таквите модели, и најважно треба да им прилегаат.

Интересот беше голем на нејзината Фејсбук страница, а веруваме дека познатата струмичанка им го „помати умот“ на девојките кои имаа намера да облечат балски фустани или пак се охрабрија да истакнат деколте, да покажат голи нозе во мини и да бидат во центарот на вниманието.

фото:фејсбук/љупкамитрова

фото:фејсбук/љупкамитрова

фото:фејсбук/љупкамитрова
To top