Радио Милева арамија...

Љубовницата на Шабан го ограбила станот каде што била под кирија: Цуца украла се’ што може да понесе со себе, па дури и даската од ВЦ шолјата (ФОТО)

Љубовницата на Шабан го ограбила станот каде што била под кирија: Цуца украла се’ што може да понесе со себе, па дури и даската од ВЦ шолјата (ФОТО)

Ивона Неговановиќ Цуца го ограбила станот на поранешната газдарица Лилјана Мириќ, кај која живеела помалку од една година.

Сопственичката на станот во Чукарица поднела кривична пријава против пејачката што ја поврзуваат со покојниот Шабан Шаулиќ.

„Цуца со поранешниот љубовник Раде Чокан изнајми стан во февруари минатата година и заедно живееја  неколку месеци, се’ додека не се скараа и испотепаа. Слушнавме како викаат еден на друг, и само ни предизвикауваа грижи и главоболки“ – открива соседката, додавајќи дека музичарот од Виена брзо си ги спакувал работите и си заминал, додека таа останала и понатаму таму да живее.

Таа се фалела дека пее за време на викендите и заработува сопствени пари, па затоа можела да си дозволи да го изнајми станот во кој живеела. Сепак, газдарицата се налутила кога Ивона почнала да собира мачки во станот, кои се размножиле, пари  тоа не внимавала на хигиената, па непријатната миризба се ширела и чувствувала дури и во ходникот. Соседите редовно се жалеле на нејзиното однесување, па газдарицата Лилјана на почетокот на декември минатата година, била принудена да и го откаже станот, со рок од еден месец за иселување“ – објаснува извор за српски Курир и продолжува:

„Цуца во меѓувреме не се јавувала на телефон, ниту пак одговарала на пораките. Кога сопственичката на 6-ти јануари дошла во станот за да се раздолжат, затекнала празни празни соби! Цуца се спакувала, ги собрала  работите и избегала. Пејачката украла термо-електричен панел со тајмер од дневната соба, неотпакуван клима уред кој се’ уште не бил вграден, стилска комода со три фиоки за чевли, голема салонска маса, тепих, прекривка за брачен кревет, двосед и фотелји, ролетни, наткасна со столна ламба, столица кој била антиквитет, комплетниот прибор за јадење и садовите, па дури и дрвената даска за тоалетната шолја од ВЦ-то…

Покрај тоа, таа намерно ги оставила вклучени бојлерот  и термопечката во трпезаријата да работат 24 /7, со што направила огромна сметка за електрична енергија. Жената останала во шок и веднаш ја повикала полицијата за да пријави кражба.

To top