Радио Милева

Љубовницата на Мирослав Илиќ го доби пејачот на суд: „Сега се е јасно“

Љубовницата на Мирослав Илиќ го доби пејачот на суд: „Сега се е јасно“

Поранешната љубовница на пејачот Мирослав Илиќ, Мирјана Антоновиќ со години наназад се обидува да докаже дека пејачот е татко на нејзиниот син Дејвин Антоновиќ. Овој судски процес се уште е во тек, но другиот е завршен.

Имено, судската постапка во која се наведува дека Мирјана го прогонувала пејачот е завшрена во корист на Мирјана.

„Мирослав изјави дека во краток временски период примил многу смс пораки од Мирјана Антоновиќ. Во тие пораки немало никакви закани, но тој тврди дека бил многу вознемирен. Треба да се сослуша и Мирјана, бидејќи судот не може да одлучи без да ја сослуша неа. После тоа ќе се утврди дали треба да се поднесе кривична постапка или судот ќе ја отфрли крвичната пријава. Мирјана ќе биде сослушана на 15 јули. Во секој случај, ништо нема да ја спречи постапката за утврдување на татковството“ изјави  тогаш адвокатот на Мирјана  за „Блиц“.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/miroslav-ilikj-ja-tuzeshe-poraneshnata-ljubovnica/

„Драги мои пријатели. Малку да ве израдувам со добри вести. Пред неколку минути дознав дека судот ја отфрлил тужбата на Мирослав за прогонување. Беше без основа од првиот ден и му се заблогодарувам на судијката која праведно пресуди“ напиша Мирјана на социјалните мрежи.

фото: фејсбук

To top