Раскинувањето на Џенифер Лопез и Алекс Родригез сега е официјално. Минатиот четврток, поранешните свршеници објавија изјава во која јасно ставија до знаење дека на нивната љубов и се стави крај и дека секој ќе тргне по својот пат.
– Сфативме дека подобро се дружиме како пријатели, и сакаме да останеме така. Ние ќе продолжиме да соработуваме и да се поддржуваме едни со други. Повеќе нема да ја коментираме ситуацијата, пред се во знак на почит кон нашите деца. Им благодариме на сите за љубезните зборови.
View this post on Instagram
Всушност, тие се разделија кратко на почетокот на годината, кога Џеј Ло отиде на Карибите „на работа“, а Алекс остана дома. Во одреден момент веројатно му било досадно, па решил да се забавува. Како што открија холивудските таблоиди пред неколку недели, таа забава има име и презиме – Медисон Лекрој.
30-годишната ријалити sвезда, наводно, главната причина за раскинувањето на Лопез и Алекс Родригез, реши да застане на патот на озборувања:
View this post on Instagram
– Ме контактираше, и да, разменивме пораки, но освен тоа немаше ништо… Никогаш не го видов и не го допрев. Ние бевме само познаници. Никогаш физички не ја изневери свршеницата со мене.
За списанието „Космополитен“, Медисон кратко рече:
– Им посакувам се најдобро.