Речиси и да нема пејач кој не би сакал да ја сними песната на некој свој колега, само поединци не сакаат да го признаат тоа.
Сепак, Љуба Перучица отворено проговори на оваа тема и откри дека од срце би сакал песната „Ветрови ме ломе“ на легендарниот Џеј Рамадановски да биде негова.
– Секако, има и такви песни кои јас лично сакам да ги пеам и кои би сакал да бидат мои, а една од нив е секако „Ветрови ме ломе“, од познатиот Џеј Рамадановски, рече Перучица.
Перучица важи за човек на кој многу мажи му завидуваат не толку за кариерата туку за атрактивната сопруга која ја има покрај себе, Катарина Колозеус.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/ljubaperucica