Актерката Паулина Манов со години се бори со дислексија – пореметување на способности за читање или разбирање со прочитаното.
Таа не крие дека тоа и прави проблеми во работата, посебно додека чита за време на пробите.
-Немам дијагностицирано бидејќи во тоа време кога одев во основно училиште, не се знаеше дека тоа постои. Едноставно се мислеше дека не знаеш да читаш. Вежбај повеќе, работи повеќе и тоа е тоа, изјави таа на РТС.
Таа откри и какви непријатности и се случуваат.
-Секој пат кога некој ќе ме повика да прочитам нешто, јас се препотувам и настанува голема „фрка“, ако може така да кажам. Многу ми е непријатно кога јавно ќе треба да читам некој текст. Кога во текстот има подолг збор, го читам првиот слог и понатмау ништо не гледам, објасни Паулина и додава
:-Кога имаме проба за читање, секогаш ми е непријатно бидејќи се препотувам и во очите на моите колеги им читам: „Како се зафркнавме, кој ја повика оваа жена“. Тоа беше многу непријатно на почетокот, и јас вежбав, вежбав за да им покажам дека знам да читам. Тогаш јас го навежбав читањето. Јас глумав дека читам, јас текстот го научив тектот на памет и тогаш: „Јас знам да читам“. Знае да биде непријатно, знае да биде смешно бидејќи мозкот работи, изјави Паулина.
фото: снежана крстиќ/рас србија/драган кујунџиќ/јутуб