Мегафон

Ливерпул ќе биде домаќин на „Евровизија 2023“

Ливерпул ќе биде домаќин на „Евровизија 2023“

По многуте шпекулации кој град во Обединетото Кралство би ја добил честа да биде домаќин на натпреварот во име на Украина конечно им дојде крајот. Вечерва, за време на емисијата „The One Show“ на Би-Би-Си, Греам Нортон откри дека Ливерпул ќе биде град домаќин на 67. Избор за песна на Евровизија!

Објавен е и датумот – Големото финале ќе биде на 13 мај 2023 година!

Ливерпул има население од  579.000 во градот а 2,24 милиони во целата област. Како потенцијална локација се смета M&S Bank Arena со капацитет за концертни седишта од 13.781.

Познатиот дом на „Битлси“, музичката сцена на Ливерпул датира многу децении наназад, поради што го доби прекарот „Главниот град на попот“. Во 2008 година, Ливерпул беше европски град на културата, помагајќи да се трансформира неговиот имиџ, кој беше нарушен поради постиндустрискиот пад што се случи во последните децении на 20 век. Градот има хотелски простор за домаќин на натпреварот, а аеродромот има многу летови на Ryanair и easyJet од цела Европа за транспорт на повеќето фанови на натпреварот. M&S Bank Arena претходно беше домаќин на MTV Europe Music Awards во 2008 година.

To top