Емилија Розман, македонската мисица, манекенка и топ модел со универзитетска диплома во џебот и неколку продавници за подароци и цвеќе на различни локации во Скопје, навидум има се’ што и треба за среќа. Ама само навидум, зашто среќата очигледно не се состои само од материјални нешта.
Оние другите, емотивните, духовните се исто толку важни и потребни, иако некои од нив не можеме ниту да ги вратиме, како на пример љубовта од најблиските по нивната загуба или времето и годините од детството кога сме биле безусловно и бескрајно среќни, на пример. Барем повеќето од нас…!
Но затоа кога ќе пораснеме и доволно созрееме, среќата можеме и мораме самите „да си ја коваме“. Госпоѓица Розмантична како и многумина од сите нас е една од оние која со сопствената среќа е седнат на клацкалка, па одејќи горе – долу, на моменти ја допира, а на моменти само ја сонува и посакува… Веројатно се до моментот додека не ја препознае и цврсто не ја зграпчи в раце.
Но, затоа убавата Емилија за разлика од многумина знае и што сака и што бара! За многу нешта, па и кога се вистинските мажи во прашање. Така барем изгледа од нејзините „позајмени мудри мисли“, кои редовно ги споделува на своите Инстаграм приказни.
Така, она што како една од последните желби го споделила, открива на што мисли г-ца Розмантична дури и кога оди по леб? Па нејзината „желба од фурната“, долгоногата убавица и јавно ја споделила:
„Влегов во продавница, а насмеаниот продавач ме праша: Што сака дамата? Му одговорив: Дамата сака мартини, добар маж, редовен секс, ама… јас дојдов по леб!
Вистинска желби, нема што, само на погрешно место! Сепак нема место за разочарување, зашто мартинито секогаш одело заедно со убави дами, згодни девојки подготвени на редовен секс… Како што има и вистински мажи… Се’ уште… За заедничка љубов подолга од две недели!
А лебот? Најсладок е кога чесно „си го вадиш“, а го делиш на двајаца, па потоа здравје Боже и на три, четири… дела!
Фото: Инстаграм принтскрин/rozmanticna