Покрај тоа што е позната како пејачка и текстописец, Емина Јаховиќ изминативе неколку години работи и на својот козметички бренд. Но, сега на социјалните мрежи се крена општа врева откако една девојка на ТикТок во своето видео изјавила дека брендот се гаси.
Емина продаваше парфеми, шминка и производи за нега на тело, а за кратко време го привлече вниманието и ги освои дамите кои почнаа да ги користат нејзините производи. Но, како што објавила тиктокерката Нина Гавран, брендот сега се гаси.
„Брендот за убавина Емина згаснува и јас полудувам, па нарачав залиха од се’ што има“ – вели таа во своето видео. Во коментарите ја прашале од каде ја добила таа информација, а таа објаснила дека така и кажале во продавницата, но и дека се надева дека сето тоа е дезинформација.
Фото: Инстаграм/yaemina