Младата македонска пејачката Лина Пејовска која расте на музички план и веќе има над 16 милиони прегледи на нејзините последни дуети на „Јутјуб“ веќе се подготвува за новогодишните настапи, а сега одвои време за нејзините Инстаграм фанови и реши да поразговара со нив.
Со одговорот на првото прашање кое и го поставија таа малку ги загрижи фановите но, сепак потврди дека е добро.
– Како си ?
– Се лечам, ама добро сум , фала на прашањето – напиша Лина.
Сепак, доказ дека е доста барана беа многуте прашања кои и ги поставија, а скоро сите беа во насока кога наскоро ќе пее во нивниот град и ќе имаат прилика во живо да го слушнат нејзиниот глас.
Сите беа заинтересирани и за најновите фотографии кои таа ги постираше на нејзиниот профил на Инстаграм, па ја прашаа и кој е „виновникот“за нив .
– Кој те фотографираше на сликите? Многу се јаки!
– Мојот засекогаш, Мартин Трајановски – обелодени Лина.
Но, после дуетите таа во новата 2024 година ќе ги израдува фановите со соло песни што сега само им наговести, додека нестрпливо чека тоа да се случи, а засега заедно со неа сите се радуваа дека на дуетот со Таско за „Неваљала“ веќе има милиони прегледи, веднаш тоа и со фотографија го потврди.
– Дали можеби ќе имаш нова песна?
– О, да 2024 ќе има и дуети и соло песни , едвај чекам! – искрена беше.
За крај требаше да раскаже некој нејзин гаф, но таа од многуте не можеше ниту еден да избере!
– Раскажи ни некој твој гаф?
– Ах колку ги има ти да знаеш секој ден по 3/4 нови имам – со емотикон кој плаче од смеење таа ги зачува само за себе.
Но веднаш се најдоа такви кои ја потсетија на нешто од лани кога микрофонот одеднаш падна, а таа го бркаше на сцената па ја прашаа сега:
Ќе лета ли пак микрофонот?
– Јас се надевам нема – им потврди повторно низ смеа.
Фото: Printskrin/Instagram/pejovskalina