Радио Милева

Лина Пејовска ги освои симпатиите на Анастасија Ражнатовиќ: Ќерката на Цеца и поласка на нашата пејачка (видео)

Лина Пејовска ги освои симпатиите на Анастасија Ражнатовиќ: Ќерката на Цеца и поласка на нашата пејачка (видео)

Кога Анастасија Ражнатовиќ ја објави својата прва песна „Совршен пар“, нашата млада и талентирана пејачка за кусо време ја препеа, а снимката која беше објавена на интернет каналот Јутјуб има два милиони прегледи и доста позитивни коментари.

https://www.youtube.com/watch?v=Soz-sm40Exk

Деновиве, Анастасија ја објави својата втора песна насловена „Ране“, која исто така ја потпишува македонскиот композитор и продуцент Дарко Димитров.

Очигледно дека ќерката на Цеца не пропуштила да го погледне видеото со преработката на нејзината прва песна која ја пее Лина, па сега, беше меѓу првите кои го погледнаа видеото на Инсатграм каде Лина ја пее нејзината нова песна.

Анастасија на Лина за објавата на видеото каде ја пее „Ране“ и остави коментар со неколку симболи од срценце, оган, лајк…

Нашата пејачка сигурно дека беше радосна на реакцијата, па и се заблагодари.

Во продолжение погледнете како Лина го пее овој актуелен хит во регионот кој само за една недела од објавата има 10 милиони прегледи.

 

View this post on Instagram

 

my favourite at the moment. ? Rane – Anastasija @raznatovicanastasija @darkodimitrov #rane #anastasijaraznatovic #linapejovska

A post shared by PEJOVSKA LINA (@pejovskalina) on

 

To top