Радио Милева заспиј ако можеш...

Лила заведува во црна секси ноќница: „Јас вака, за Вас не знам… ама препорачувам“ (ФОТО)

Лила заведува во црна секси ноќница: „Јас вака, за Вас не знам… ама препорачувам“ (ФОТО)

Не само најпозната македонска ТВ водителка, туку Лила Филиповска дефинитивно е и најпознатата наша инфлуенсерка,  „Жив подвижен билборд“, топ 1, на самиот врв кога е новата професија или подобро речено, новиот начин како да се заработи во прашање. Во кеш, роба, услуги… сеедно, важно е да капне, а кај неа не капе, туку секојдневно врне-истура од нови понуди за рекламирање на најразлични нешта.

Последната „спонзорирана прошетка“ на Лила беше во Обединатеите Арапски Емирати. Дубаи-градот на соништата разбирливо и неа ја обзема и маѓепса, ама зато и Лила не остана должна. Само што таа  маѓепсува поинаку, со своите објави на социјалните мрежи каде умешно и вешто ги спојува убавото со корисното, практичното со привлечното.

Последната објава на Лила одново ја буди еротската фантазија кај оние што ја имаат, а и желбата за пријатна дремка, кај оние – останатите.

А како и не би кога водителката на секоја нова фотографија заведува во црна секси ноќница со длабоко деколте и околу него црна тантела. А во деколтето собрано сето што го замрзнува погледот, не дозволувајќи ви да трпнете додека ја гледате, потонати во својот копнеж наречен желба.

„Јас вака…за вас не знам…ама препорачувам“ – порачува водителката.

И сосема е во право. Препораката ептен и држи… До душа, само под еден услов: Ако вака сензуалната, ултра-женска ноќница, оди во пакет и со така згодна, привлечна, пожелна и сексапилна убавица на која најубаво и прилега ваква секси ноќница.  А потоа… Заспиј ако можеш да те видам, покрај неа.

Всушност, спиењето секако следува потоа. Некој задоволен со мирни сништа по бурната ноќ, а некој само (воз)буден со еротски сништа длабоко по полноќ! Кому како му се посреќило!

Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska/You Tube/Filip Peshevski ft. Lila – Teshko mene so tebe

 

 

To top