Македонската водителка Лила Филиповска обожува да патува, па ако не е на некое кратко патување на наш терен, тогаш водителката знае да замине некаде на некоја прекрасна дестинација, а фотографиите и наликуваат на разгледници.
Така, често Лила знае да ги спакува куферите и да замине на патување.
Овојпат, водителката се качи на аеродром и право во Дубаи. Меѓутоа таа нејзина прва дестинација беше Турција, а кога пристигна на аеродромот во Истанбул се сретна со турските актери.
Имено, како што објави во кусите приказни на „Инстаграм“, таа го видела актерот со кој сите се фотографирале, но не знаеше за кој станува збор, па веднаш побара помош од нејзините следбеници.
Таа објави фотографија со него и праша кој е:
Потоа, и водителката се фотографираше со друг турски актер кој исто така го сретна на аеродром, а во описот напиша:
-Што е битно кој е, ние се сликавме, напиша водителката покрај објавата со турскиот заводник.
Меѓутоа, нејзините следбеници ја открија мистеријата и открија за кој актер станува збор.
Станува збор за aктерите Нуретин Сонмез или познат како Бамси Беј од серијата „Кurulus Osman# и актерот Џенгиз Чошкан по улогата Тургут Алп.
фото: Принтскрин/инстаграм/лила филиповска/cengizcoskunnn