За Лила Филиповска набрзо завршува уште една сезона од квизот „Се или ншто“, а со тоа популарната водителка целосно ќе се препушти на летото, патувањата и уживањето.
Иако уште пред стартот на топлата сезона, Лила посети неколку дестинации, сепак, како неа никој не е, бидејќи и тоа како знае да се препушти на хедонизмот од летниот рај на прекрасни и атрактивни дестинации.
И меѓу многуте објави посветни на нејзините поддржувачи и двигатели на нејзиното инфлуенсерство на Инстграм, Лила објави нешто сосема неочекувано.
Имено, добро познато е дека е љубител на животните, но овој пат се одлиучи за еден хуман потег со кој ја докажа својата големина. Лила на својот профил откри дека на некоја од скопските улици видела повредено и беспомошно мече.
Го земала и однела на ветеринар каде му биле санирани повредите на нозете, а потоа слаткото црно-бело маче си доби дом и сопственичка. И тоа не Лила Филиповска!
Новиот член во домот на Лила е мачето кое таа го крсти Калеси, кое веруваме отсега ќе живее живот!