Радио Милева ваква не била досега

Лила се врати од Италија и направи промена на себе, а први со новиот имиџ ја видоа учесниците во „Се или нешто“ (фото)

Лила се врати од Италија и направи промена на себе, а први со новиот имиџ ја видоа учесниците во „Се или нешто“ (фото)

Снимања, патување, дружење и така се по ред е во секојдневието на нашата позната ТВ водителка Лила Филиповска.

Таа неодамна во Италија го прослави својот 52-ри роденден, а оттаму се врати полна со енергија и нови сили за почеток на нови снимања со натпреварувачите на „Се или нешто.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Камерата бара промени, а Лила тоа најдобро го знае, а нема проблем ниту да го практикува. Таа периодов откако го победи ракот на дојка уште похрабро им пристанува на промените, па новите фризури и станаа пракса.

Сега по Италија и година плус во животот, Лила има фризура каква немала никогаш досега.

Кратката физура што ја носеше и им се доапаѓаше на многумина, доби трансформација, потпорасната и со шишки.

„Се или нешто“ се снима со неколку епизоди дневно, а Лила мора да промени неколкку стајлинзи и модификации на новата фризура, пеглана, па брановидна и сосема поразлична од досега.

Фризурите ги менува, но теренот никако, па за „Се или нешто“ Лила вели и дека е проект на нејзиниот живот.

-Вложивме многу љубов, труд и работа за да ве забавувавме и драго ми е што успеавме во тоа затоа што рејтинзите сите овие години го докажуваат тоа, напиша таа во една прилика пред почетокот на нова сезона.

Со нови сили, полна со енергија од многуте убави патувања кои ги имаше, Лила му се врати на студиото, банкарот, натпреварувачите и секако гледачите, поинаква и никогаш здодевна.

фото:Инстаграм принтскрин/Лила Филиповска

To top