Атрактивната водителка Лила Филиповска важи за една од најзгодните, но и најангажирани ТВ лица и инфлуенсерки.
Ако не е во студио на снимање на квизот „Се или нешто“, Лила е активна на социјалните мрежи каде редовно споделува фотографии со нејзините следбеници.
Ако е на некое патување, таа често знае да сподели фотографии покажувајќи им следбениците како си поминува, споделува фотографии од разни знаменитости кои ги посетила и раскажувајќи интересни факти за дистанциите.
Меѓутоа, Лила често односно речиси секојдневно рекламира брендови, козметички произзводи, модни парчиња, накит…
Водителката кога не е на снимање во студио, е на снимање или фотографирање за реклама..
Нејзиниот „Инстаграм“ профил е преполна со разни професионални фотографии, на кои водителката често ги истакнува своите атрибути, но и она што треба да го рекламира.
Така беше и овојпат, кога Лила рекламираше долна облека на еден бутик позирајќи во разголено издание, а во прв план е нејзиното разголено тело и нејзините атрибути.
Водителката испружена над кревет, разголена и во секси поза во провокативна доза ја разбуди машката фантазија.
За фотографиите собра над илјадници лајкови, а нејзините следбеници ја опсипаа со позитивни коментари.
Водителката во раце го држи и мачорот Том, а Панчо од „ДНК“ се пошегува во коментар: Кумо, што е убав Том, од кај го купи?, но водителката не одговори.
Лила провоцира и кога рекламира.
фото: принтскрин/инстаграм/Rolla Do Bolla/rolladobolla