Ако некој можеме да го пофалиме со најубави професионални фотографии на социјалните мрежи, тоа дефинитивно е ТВ водителката Лила Стојановска.
Нејзиниот профил е празик за очи, особено во овој предновогодишен период.
View this post on Instagram
Познато е дека Лила е добра пријателка на модниот стилист и критичар Сергеј Варошлија, а во една прилика има изјавено дека Сергеј понекогаш знае да ја искритикува и нејзе, да и даде совет, а таа да го послуша.
Гледачите на неговата модна емисија добро знаат дека Сергеј често знае да нагласи дека тесните парчиња, особено фармерките треба да се комбинираат со некое предимензионирано парче, фотографиите да имаат добра позадина, а освен тоа да се престане со потенцирање на задникот или како што тој го нарекува- позната„чак-чак“.
View this post on Instagram
Но, Лила очигледно подзаборави на овие совети од пријателот, па се „настега“ во тесни фармерки и тесна ролка, а на комбинацијата контрастот го стави на розовите високи потпетици.
Лила овој стајлинг го овековечи од гардеробата на матичната Сител телевизија каде снимаше нова епизода од квизот „Се или нешто“, а потоа реши да направи и една куса снимка на која се врцка со задникот.
Но, на познатите нели им е дозволено сè, бидејќи тоа го бара сцената и шоу-бизнисот, а мора да се признае дека Лила вака „настегана“ изгледа феноменално.
фото:инстаграм/лилафилиповска