Радио Милева

Лила пред неколку години беше ограбена, а сега новиот натрапник сама го пушти во домот

Лила пред неколку години беше ограбена, а сега новиот натрапник сама го пушти во домот

Според некое непишано правило, за време на празниците на ТВ водителката Лила Филиповска и се случува некоја непријатност во домот.

На 1-ви мај во 2018 година, таа беше мета на крадци кои провалија во нејзиниот стан и го украдоа вреден накит.

Овој пат, за време на Божиќ, повторно имаше непријатна случка, но од натаптник кој веќе живее заедно со неа.

фото:лила филиповска/инстаграм

Додуша, ова не може да се мери со грабежот од пред две години, а Лила веќе го „пријави“ натрапникот, но само на својот профил на Инстаграм.

Добро е што случката не и зададе голема грижа на Лила, туку само повеќе работа и можеби дополнителен трошок за следната година.

Имено, виновникот е нејзиниот мачор Рагнар, кој ја сруши новогодишната елка.

Тој неколкупати и најави на својата сопственичка дека е можно да се случи нешто такво, но таа имаше две опции – да ја раскити елката или да остави да се случи она на кое веќе се помислуваше.

Крадците кои и го одземаа накитот, се надеваме дека си го добија заслуженото, а Рагнар веќе има домашно „досие“ од кое за понатаму му се знаат намерите.

фото:лила филиповска/инстаграм

Сепак, тешко Лила дека може да му се налути на ова слатко маченце?

To top